Актуелно

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА ДВА ДЕНАРИ, бензините со исти цени 

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука сокоја се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто во однос на одлуката од 15.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179 отсто, кај дизелот зголемување во просек за 3,807 проценти, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760 проценти.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денар за литар.

Од 19.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,111 отсто.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.8.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons