Дедо од 94 години со летва истепал друг дедо од 96 години , едниот во болнца, другиот во притвор
Дедо (94) од околината на Лесковац е уапсен поради сомнение дека завчера по кратка расправија со дрвена летва повеќе пати го удрил соседот, кој исто така е дедо од 96 години, пишува ртс.рс.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Општата болница во Лесковац, а потоа е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.
На осомничениот од надлежните на Основното јавно обвинителство Лесковац му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава е изведен во обвинителството. Тој се бранел со молчење.