Свет

Данската полиција ја уапси Грета Тунберг на пропалестински протест

Данската полиција ја приведе активистката Грета Тунберг за време на протестот против војната во Газа одржан во Копенхаген, објавија странските агенции, цитирајќи го портпаролот на студентската група која ги организираше демонстрациите.

– Шест лица се приведени на Универзитетот во Копенхаген откако околу 20 лица го блокирале влезот во зградата, а тројца влегле внатре, додаде портпаролот.

Полицијата одби да го потврди идентитетот на уапсените, но портпаролот на организацијата „Студентите против окупацијата“ изјави дека Тунберг е приведена. паг/Фото: ЕПА    .

Извор: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons