Дали експертите од Германија, утврдиле дека проширувањето на пожарот во Болницата во Тетово е потпомогнато од користените разградливи производи?
Дали експертите од Германија, утврдиле дека проширувањето на пожарот во Модуларната Болница во Тетово е потпомогнато од користените разградливи производи при изградбата како што е полиуретантска пена?
Дали е утврдено дека на користената полиуретантска пена му е додаден “трис” (изоприл) фосфат како средство за заштита од пламен, кој само го отежнува САМОЗАПАЛУВАЊЕТО, но сепак полиуретанската пена постанува и понатаму запалива?
Дали изолациониот материјал кој се користел при изградбата на модуларната болница – полиутерантската крема, при високи температури се распаѓа во јаглерод моноксид и водород цијанид, што придонесува за брзо ширење на пожарот во гасна фаза, бидејќи јахлеродот моноксид многу лесно реагирал во комбинација со по ставилниот јаглерод диоксид, што може да предизвика дефлагации и експлозии?
Дали градбата на модуларната болница била изградена без ефективни противпожарни прегради, кој би спречиле понатамошно проширување на оганот, што најмалку би го отежнувале истиот?
Дали покривот на модуларната болница е потпомогнат поради отворената конструкција на градбата на поткровјето? Дали поради таквата градба на поткровјето, пожарот многу брзо се ширел во сите насоки на болницата?
И дали преку овие пропуст во изградбата на модуларната во Тетово “некои” индиректно придонеле за истото да се случи? Сите знаеме кои се тие, но сепак за жал и овде ќе се практикува големата Заева мудрост дека рибата не смрди од главата туку од опашката!
Линк од објавата на фејсбук.