Македонија

Граѓаните плаќаат паушално изгор сметки за струја 

Народниот правобранител Насер Зибери ќе предложи измени на регулативата за испорака на електрична енергија во делот на обврската за отчитувањето на броилата, откако голем број граѓани се пожалиле дека добиваат високи сметки за струја која не ја потрошиле, а ЕВН им наплатува авансно, пишува НОВА ТВ

Од Канцеларијата на Народниот правобранител најавуваат дека во наредниот период оваа иницијатива ќе има приоритет, а првиот чекор што планираат да го направат е предлогот да го достават до Регулаторната комисија.

Народниот правобранител вели дека граѓаните најчесто реагираат затоа што  еден месец плаќаат високи сметки, кои следниот месец им се намалуваат, но дека ваквата пракса им предизвикува стресови  затоа што потрошувачите авансно ја плаќаат потрошената електрична енергија. Некои семејства, пак, и не се во можност со оглед на ниските примања да ги плаќаат вака скроените сметки и затоа бараат секој месец да платат онолку колку што потрошиле. 

–Како што јас за мојата работа добивам плата месечно, така треба и ЕВН да ми наплатува за тоа што јас сум го потрошил во текот на месецот, не можам со месечната плата да подмирувам паушал во вредност од речиси две сметки за струја. Секогаш кога сум реагирал на нереалната сметка во ЕВН ме упатуваат на интернет да пријавувам колку киловат часови сум потрошил, но секако дека како потрошувач имам право да барам да се подобрат услугите при наплатата од ЕВН, вели граѓанин за НОВА ТВ. 

Целиот текст на НОВА ТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons