Спорт

Гоце Седлоски се враќа на клупата на Вардар 

Поранешниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски повторно се враќа на клупата на Вардар.

Одлуката е веќе донесена од страна на новото раководство на клубот, а се очекува само официјалната промоција на Седлоски како нов тренер на црвено-црните кој низ периодот на пауза во првенството, поради репрезентативните активности, ќе треба да го консолидира тимот по лошиот старт на сезоната.

50-годишниот Гоце Седлоски беше спортски директор на клубот во сезоната 2014/2015, а од 2015 до 2017 година беше и шеф на стручниот штаб на Вардар со кого освои и шампионска титула.

По заминувањето од Вардар беше тренер и на летонска Рига, босанскиот Широки Брег како и вториот тим на Динамо Загреб, по што повторно се врати во Македонија предводејќи ги Шкупи и Работнички.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons