ГОРИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА ПОЕВТИНУВААТ – По полноќ ќе се точи по пониски цени
Регулаторната комисија за енергетика со најновата одлука ги намалува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,80 отсто во однос на одлуката од 29.5.2023 година.
– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,411 проценти, кај дизелот за 0,843 отсто, кај екстра лесното масло за 0,878 отсто и кај мазутот намалувањето е за 2,585 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,621 отсто – стои во објаснувањето на РКЕ
Од 6.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,604 (денари/килограми).