ГЕРМАНЦИ, ФРАНЦУЗИ, ХОЛАНЃАНИ: Пензионерските денови ги поминуваат во Македонија
Пензионери од Германија, Франција, Холандија, Италија доаѓаат да живеат во Македонија поради ниските трошоци за живот. Тие купуваат или изнајмуваат имоти. Од агенциите за недвижности велат дека имале клиенти од развиените европски земји кои бараат живеалиште овде. Според нив, трошоците за живот во земјава за странците се ниски и затоа ја бираат Македонија. Оваа појава не е масовна, но е присутна. Освен во Скопје, странците се доселуваат и во други делови на Македонија.
„Имав двајца пензионери, едниот од Германија и другиот од Франција кои се доселија да живеат во Охрид. Купија имоти, но потоа кај жената се јавија здравствени проблеми, не можеше да се снајде со здравствениот систем и си се врати назад во Германија, таму си купи имот, а за францускиот државјанин немам информација дали уште е тука. Сега имаме еден Холаѓанин кој планира да се досели откако ќе влезе во пензија. Интерес има, но не е само до парите, туку луѓето си бараат инфраструктура, среден систем“, вели Александар Трајкоски од агенцијата Енхелеја од Охрид. https://aplikacii.com/ads/FCA/Fiat/23-1221/300×250/index.html?clickTAG=https://aplikacii.com/reklami/www/delivery/ck.php?oaparams=2__bannerid=7468__zoneid=1812__cb=5de114eb00__oadest=
Од скопските агенции за недвижности кои имале контакт со странците кои бараат имоти за тука да ги поминат пензионерските денови, велат дека тоа се луѓе кои во матичните земји имаат ниски примања и за да опстанат, Македонија за нив е погодна дестинација. Охриѓани велат дека имало и случаеви кога странците доаѓаат тука, живеат неколку месеци во земјава, а потоа се враќаат дома.
Наташа Спасеска од агенцијата за недвижности Капитал од Охрид вели дека луѓето прво како туристи доаѓаат во градот, а потоа се решаваат да се преселат. Наведува дека многу им се допаѓа госпопримството, топлината, љубезноста на луѓето овде, ја сакаат храната, културното наследство, но и фактот дека многу светски познати магазини пишуваат за Охрид како дестинација, си има влијание.
„Имаме луѓе од Англија, Канада, Холандија, Германија, САД, но и Турција. Тие луѓе велат дека им се допаѓа културното наследство на градот Охрид. Плажите ги споредуваат со оние на Малдиви. Ја сакаат храната која како што велат има традиционален вкус. Друг фактор е тоа што, во своите земји ако не работеле на некоја повисока позиција, земаат ниски пензии и мораат да работат за да опстанат. Овде трошоците за живот се пониски, тие си работат нешто онлајн плус или си купуваат апартмани, па потоа ги издаваат и на тој начин имаат дополнителни приходи. Тие луѓе кои се доселиле во Охрид, придонесуваат потоа нивни роднини, пријатели да дојдат во градот, а цените на недвижностите во Охрид растат“, вели Спасеска. https://tas-mk.toboads.com/ads.php?b=1&rq=bfed8d51-c809-abd0-8991-06e2f1853ed7&vt=5a720fe3-b69b-41a7-ba59-9545800e6ad1&isf=false&zn=6e0ce682e&tm=0&af=320×0&fv=undefined&nw=0&co=1&vh=706&vw=414&asc=0&srf=https%3A%2F%2Fwww.faktor.mk%2Fgermanci-francuzi-holangjani-penzionerskite-denovi-gi-pominuvaat-vo-makedonija-niskite-zivotni-troshoci-gi-mamat-ovde&rf=https%3A%2F%2Fwww.faktor.mk%2F&loc=eq-srf&rn=1146a0c6-1b94-39c4-9d36-9c7cacc606e0&ct=3840582e-a48d-ed16-0b97-0e08f741f7b6&c=hA_c_0_1670f502&ah=0&L=df8da50c-e914-409c-8874-53e15036fa51&afs=undefined&sck=dc0d94420640d7a4aeedf089fa129927a06b63ed&
Ѓорѓи Џабирски од Здружение на граѓани Македонско – турско пријателство и соработка, Делчево објаснува дека има такви обиди, односно странците сакаат да се доселат и во неговиот крај.
„Имам пријатели од Измир и откако жената ќе влезе во пензија, сакаат да живеат во Велес. Пред некоја година, Швајцарец сакаше да купи куќа во делчевско село, му се допадна менталитетот тука, но човекот почина и неговиот план не се оствари“, рече Џабирски.
Според анализа објавена годинава, Скопје е најевтиниот европски главен град за „дигиталните номади“. Ова рангирање го направи „Нортон Фајнанс“.
Евростат претходно ја рангираше Македонија како една од најевтините земји во Европа. Анализата на „Ocean Finance“ од пред некоја година покажа дека нашата земја е најприфатлива на целиот континент и е место каде Британците можат да се преселат.