(ГАЛЕРИЈА) Армијата одбележува 30 годишен јубилеј, презентирани беа и новите оклопни транспортери
На Денот на Армијата – 18 август, вечерва се одбележува јубилејот на Армијата „30 години Армија“.
Организиран е целовечерен настан на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“.Следува презентација на најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња.
фото Вангел Тануровски