Свет

Вучиќ: Шолц беше остар, побара да се приклучиме кон санкциите против Русија 

Олаф Шолц многу остро, јасно и одлучно побара Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со германскиот канцелар.

„Разговаравме за целокупната политичка ситуација во Европа и светот, а тој јасно, решително и остро побара од нас да се приклучиме на санкциите“, рече Вучиќ. Српскиот претседател рече дека тој од своја страна зборувал за традиционалните врски меѓу Србија и Русија, но и за претстојната зима.

– Му благодарам што понуди помош во енергетиката и рударството“, рече меѓудругото претседателот на Србија и додаде дека тој никогаш не ги крие темите за кои разговара со гостите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons