Вулкан на Камчатка исфрла пепел во висина од 11,5 километри
Уште еден облак од пепел со висина до 11,5 километри е регистриран денес на вулканот Кључевскаја Сопка во Камчатка, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија на Далечноисточната филијала на Руската академија на науките каналот на Телеграм.
Ова е втор облак од пепел утрово, пренесува Тасс.
Вулканот Кључевскаја Сопка е највисокиот активен вулкан во Евроазија и има правилна конусна форма со кратер на врвот со дијаметар од околу 700 метри.
Во моментов има седум активни вулкани во Камчатка, од кои најголемиот е Кључевскаја.
Вулканот почна да еруптира ноќта на 31 јули по силниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала, а неговата ерупција станува сè посилна.