Македонија

Втор круг претседателски и парламентарни избори на 8 мај 

Парламентарните избори ќе се одржат заедно со вториот круг од претседателските на 8 мај догодина, објавуваат медиуми, а потребно е само формално лидерите на политичките партии тоа да го констатираат.

Неофицијално тоа го потврдиле во телефонски разговор лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски, брифираат партиски извори.

Ковачевски ќе ги собере партиските органи за да им објасни зошто е променет ставот да нема избори на два посебни термини. Се очекува за неколку денови да има заедничка одлука.

– Јас знам дека тој датум ќе биде официјален датум, но како и да е, прво мнозинствопто треба да завземе став, ова го потврди денеска и министерот за правда Кренар Лога.

Допрва треба да се утврдува дали владеачкото мнозинство ќе оди со заедничка листа по принципот СДСМ, ДУИ и Алијанса.

Од 29 јануари, онакак како што е договорено, треба да се избере премиер Албанец во последните 100 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons