ВТА ја избра Сабаленка за најдобра тенисерка во годината
Најдобрата светска тенисерка во овој момент, Арина Сабаленка е добитничка на наградата „Тенисерка на годината“, објави ВТА.
Зад себе 26-годишната Белорусинка ја има најдобрата сезона во кариерата во која успеа и да ја одбрани титулата на Австралија Опен, а за првпат стигна до трофејот на УС Опен.
Награда од ВТА доби и Ема Наваро како „Тенисерка која најмногу наоредувала“. Шанката Паула Бадоса го освои признанието за „Кам-бек на годината“.
За најдобра двојка беа прогласени освојувачките на злато на Олимписките игри во Париз, Сара Арани и Јасмин Паолини.