Врховниот судија Георгиев ќе се спогоди со Јавното обвинителство за примање поткуп
Врховниот судија Наќе Георгиев пратил предлог спогодба до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал со која се согласува на ефективен затвор откако беше фатен со мито од 10 илјади евра.
Висината на затворската казна ќе ја утврдува Судот кој најпрво ќе ја цени постигната спогодба, па потоа ќе носи пресуда за должината на времето кое во затвор ќе треба да го мине поранешниот врховен судија.
Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.
Предлог – спогодбата, како што појаснуваат од Обвинителството, како институт се користи при постоење на признание за вина, па тогаш правилата на постапката се поедноставени, не се изведуваат докази поврзани за фактичката состојба и постапката е едноставна, брза и ефикасна бидејќи Судот треба само да ја изрече санкцијата. Една од причините за прифаќање на спогодувањето за кривичната санкција е настојувањето да се скрати траењето на кривичната постапка во случаите кога фактичката состојба е неспорна за обете странки, кога Обвинителството располага со доволно докази во однос на кривично-правниот настан, при што и без изведување на прибавените докази судијата ќе може да донесе основана, законита и правична пресуда.
Предлог – Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.