МагазинНајново

Временски пресврт: По пеколните 37 степени, следува силно невреме

Денешниот ден ни носи променливо облачно време со сончеви периоди во претпладневните часови, додека во попладневните се очекуваат услови за појава на локален пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, кој во западните делови ќе биде од западен правец, а во источните предели ќе дува од северозападен правец. Наутро температурите ќе се движат во интервал од 9 до 15 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат високи 28 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде главно сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината постојат услови за појава на краткотраен дожд, а во текот на денот ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе се искачи до 32 степени.

Од понеделник нè очекува стабилно и сончево време, со повремена променлива облачност во текот на денот. Сепак, на почетокот на работната недела ќе биде ветровито. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од северен правец. Овој ветер ќе биде особено изразен во понеделник и вторник, кога на места ќе надминува брзина од 50 километри на час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons