МакедонијаНајново

ВО ЧЕТВРТОК ВО БЕЛГРАД ЗАЕДНИЧКА ЛИТУРГИЈА НА МПЦ И СПЦ – патријархот Порфириј ги повикува верниците да присуствуваат во што поголем број

Српскиот патријарх Порфириј и македонскиот архиепископ Стефан ќе служат литургија на помирување на 19 мај во црквата Свети Сава во Белград, соопштија од Патријаршијата за Танјуг.

Литургијата ќе започне во девет часот, а ќе чиноначалствуваат сите епископи на двете цркви.

Патријархот Порфириј ги повикува верниците да присуствуваат на архиерејската литургија во што поголем број.

Соборот на СПЦ вчера соопшти дека го прифаќа статусот на најширока можна автономија за Македонската црква, односно целосна внатрешна независност, која и беше доделена во 1959 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons