Актуелно

Во третото тримесечје од 2023 година вкупно превезени над 11 милиони патници

Во третото тримесечје од годинава во патниот, железничкиот и воздухопловниот сообраќај во земјава вкупно се превезени 11.202.904 патници од кои 941.000 патници во патниот патнички превоз, 9.190 000 во градско-приградскиот, 56.000 во железничкиот и 1.015.904 патници во воздухопловниот превоз.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во патниот патнички превоз вкупно се превезените 941.000 патници од кои 749.000 се превезени во националниот, а 192.000 во меѓународниот превоз. Во градско-приградскиот превоз се превезени  9.190 000 патници, а во железничкиот превоз се превезени 56.000 патници – сите во националниот превоз. 

Во воздухопловниот превоз, пак, вкупно се превезени  1.015.904 патници од кои од македонските аеродроми полетале 484.096 во редовниот и 35.031 патник во чартер сообраќајот. Во земјава во вој период слетале 458.271 патник во редовниот и 38.506 патници во чартер сообраќајот.

Во третото тримесечје годинава во споредба со истиот период лани за 35,7 отсто е зголемено  

количеството на превезената стока во товарниот патен превоз, во железничкиот превоз е намалено за 32, а во воздухопловниот превоз е зголемено за 23 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons