МакедонијаНајново

Во Тетово запленети над 2500 парчиња пиротехнички средства, приведени две лица 

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (19 декември) околу 13 часот и 40 минути, на градскиот плоштад во Тетово, ја привеле 53-годишната Х.М. од тетовски Челопек кај која биле пронајдени и одземени 1686 парчиња пиротехнички средства, а десетина минути пред тоа, исто така, на плоштадот во Тетово, го привеле и 20-годишниот тетовец М.Б. со 885 парчиња пиротехника.

Во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување и документирање на случајот, на двете лица ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons