Актуелно

Во декември 48.913 туристи ја посетиле земјава 

Лани во декември земјава ја посетиле вкупно 48.913 туристи од кои 40,8 отсто биле домашни, а 59,2 отсто странски. Тие оствариле 93.567 ноќевања при што 42,5 отсто се реализирани од домашните, а 57,5 отсто од странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година бројот на туристите е зголемен за 38 отсто во споредба со 2021 година. Кај домашните туристи има зголемување за 5,7 отсто, а кај странските зголемувањето е за 8,8 отсто. При тоа, бројот на ноќевањата е зголемен за 23,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 3,7, а кај странските зголемувањето е за 70,7 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons