ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕАТ НАД 110.000 ЛИЦА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО
Вкупно 111.352 лица со македонско потекло живеат во Австралија, а 66.173 од нив го зборуваат македонскиот јазик во домот. Ова се податоците на последниот попис во земјата од 2021 година, пишува Ес-Би-Ес.
Пописот ги дава и бројките по општини и територии. Првата бројка е на луѓе со македонско потекло, а втората на оние кои го зборуваат јазикот дома.
Нов Јужен Велс – 43.775, 28.091
Викторија – 49.429 29.356
Западна Австралија – 11.327 5.916
Квинсленд – 3.335 1.386
Тасманиа –133 30
Северни територии – 78 19
главниот град Канбера – 1.458 764