ВОНРЕДНА ВЕСТ: Макрон изјави дека е најдено решение за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е најдено решение за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија кое го отвора патот кон ЕУ, јавува DW Македонски
– За прашањето на пристапувањето на Северна Македонија ги продолживме нашите консултации со македонските и бугарските власти затоа што нашата заложба за европската перспектива на Западниот Балкан е да можеме да ги отвориме првите поглавја за Македонија и Албанија. Врз основа на овие консултации, уверен сум дека најдовме компромисно решение кое одговара на сензибилитетот на секој. Во интерес на Бугарија и на Северна Македонија, прифатлив за сите, изјави Макрон.
Тој изрази надеж дека „разгледувањето од двете страни во следните денови ќе го потврди ова“.
– Од сега премиерот и претседателот на Бугарија потврдија дека го прифаќаат предлогот. Прифаќањето ќе бара консултации во Скопје. Ова решение носи безбедност, предвидливост и сигурност за надминување н