ВОНРЕДНА ВЕСТ: Затворен патот за влез во Грција од границата со Македонија по страотна сообраќајка (ФОТО)
Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила, а патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката државна телевизија ЕРТ постоел директен судир на двокатен туристички автобус со 78 туристи од Србија со автомобил, загинале тројца од четворицата патници во возилото, а повредени се околу 45 српски туристи, од кои петмина се сериозно.
По директниот судир, автобусот се превртел, а во сообраќајката бил вклучен и втор автомобил, најверојатно со српски регистарски таблички, кој удрил во возилото, без да бидат повредени патниците.
По сообраќајната несреќа, автопатот од границата со Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.