Македонија

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Врие од полиција во центарот на Велес, 20 луѓе се на земја – комбе бегајќи од полицијата пропадна во канал во центарот на градот (ФОТО)

Комбе полно со мигранти вечерва околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал. Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата 8 Септември, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот.

Од велешката полиција за Батали.нет потврдија дека бегајќи од полициска потера, комбето влегло во забранет правец на улицата 8 Септември и пропаднало во ископаниот ров. Оттаму велат дека возачот и совозачот се фатени и приведени.

Според наши информации, македонската полиција заедно со припадници на ЕУЛЕКС, го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.

Во центарот на Велес врие од полиција, а дваесетина мигранти, седат на земја покрај дуќаните под Интернационал. Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, кои биле во комбето.

„Детето нема видлива повреда, но се жалеше на болка во главата, а неговиот татко има расекотина на прст на раката. Тоа се единствените пренесени во велешката болница“, изјави за Батали.нет д-р Васе Пановска Поп-Стефанова – началник на Итната медицинска помош.

Од полицијата велат дека детали за инцидентот ќе има утре, откако ќе заврши увидот.

ВИДЕО НА ЛИНКОТ.

ВИДЕО

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons