Владата ја продолжи кризната состојба со пожарите за 30 дена
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов денеска информираше дека Владата ја продолжила кризната состојба со пожарите за 30 дена и ќе трае до 30 август.
Утринава имало неколку активни пожари, но според него, состојбата се менува од час во час. Ангелов притоа додава дека не постои држава во светот која располага со доволен број на опрема и пожарникари за справување со летните пожари, а доказ за тоа се пожарите во Франција, Шпанија, Италија и Грција. Тој притоа апелира на внимание од страна на граѓаните.



