Актуелно

Владата се договори со РСД, нови 35.000 туристи ќе ја посетат Македонија од следната година

Владата постигна договор со германската РСД,која за следната година треба да обезбеди 35.000 културолошки патувања на странски посетители на Македонија, надвор од летната сезона.

– Тие имаат намера да развиваат културен туризам и ние да ги покажеме нашите културни капацитети во Охрид и Скопје. Самата агенција има повеќе од една милијарда евра годишен обрт и се занимава со маркетингот,енергетиката, комуникациите и хотелиерството, покрај туризмот, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Според договорот, по еден авион дневно ќе долетува со туристи од Германија, Франција, Велика Британија и други западни земји. Тоа ќе започне од февруари следната година и дневно ќе доаѓаат по 190 нови посетители.

– Тоа би значело дополнителни 30 милиони евра директни трошења од овие гости и заедно со превозот и сместувањето може да се дојде до бројка од 50 милиони евра  Тоа ќе биде во рамки на балканска тура, а Охрид и Скопје ќе сепосетуваат со вкупно четири ноќевања. Ние треба да подржиме сместувачки капацитети кои ќе бидат атрактивни за овие гости и тие да се удвојат, додаде Мицкоски.

Според премиерот, само оваа туристичка агенција ќе доведе 10-15 отсто од вкупниот број на гости кои ќе ја посетат Македонија. 

– Тоа е директна кеш ликвидност која ќе ја направат овие 140.000 нови ноќевања, речетој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons