Вистинската љубов се слави секој ден
Кога вистински сакаме, секој ден е благослов и повик за радост.
Вистинската љубов не значи цвеќе и чоколадо само на Денот на вљубените. Енергијата на љубовта е бесконечна и нема потреба таа да се дава на подарок. Таа доаѓа во бранови, но е секогаш значајна, бидејќи е искрена.
Здравиот однос меѓу двајца луѓе не значи само скап подарок, туку многу повеќе од тоа. Тој треба да вклучува доверба, споделување на сопственото јас, споделување на својата вистина и градење на партнерски однос, односно постојано вложување.
Јас не сум половина, туку целина
Иако за танго и за здрава љубовна врска се потребни двајца, кога сакаме некого, ние сме дел од едно ЦЕЛО. Другата личност не е одговорна за нашата среќа, освен ние самите.