Македонија

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај село Негрево 

Повторно е активен пожарот кај Негрево во околината на градот Пехчево. 

Таму вечера гореше борова шума, а утрово пожарот пак е активен.

Во гаснењето се вклучени Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, Територијалната противпожарна единица од Берово, месното население и вработените во ПШС „Равна Река” -Пехчево.

Мештаните ги  алармираат за опасноста со биење на камбаните. Пожарот е многу блиску и до пехчевските куќи. Градоначалникот Александар Китански повикува сите кои можат да се вклучат во гасењето на огнот.

Тој повикува до жителите да расчистат неколку улици од возила, за полесно да можат да поминуваат противпожарните возила. Источна Македонија деновиве се соочува со големи пожари. Критично е во околината на Свети Николе, а денеска гореше и кај Дојран. 

https://www.facebook.com/share/v/N9N2sD5QZ3gFhHEY/?mibextid=KsPBc6

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons