МакедонијаНајново

Вечерва е најкритично во Порече – горат три пожари околу Македонски Брод 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 21:00 часот вечерва, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор низ територијата на Северна Македонија. Од нив, пет се сè уште активни, шест се ставени под контрола, а 18 се целосно изгаснати.

Активните пожари се лоцирани во неколку критични подрачја:

Во општините Василево, Радовиш и Берово гори кај селото Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевските Планини, каде се зафатени нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација. Во Македонски Брод се активни дури три пожари – кај селото Грешница, помеѓу Локвица и Крапа, и ново жариште кај селото Латово (Маркова Стапалка). Во Прилеп, пожарот што започна кај селото Штавица се шири кон Чумово, Волково и Прилепец.

Шест пожари се ставени под контрола и тоа во:

Ресен (Шурленци и Езерани), Желино (помеѓу Церово и Групчин), Дојран (Николиќ), Велес (меѓу Џидимирци, Крушје и Иванковци), Гостивар (Симница), Прилеп (Царевиќ – Смолани, Радобилски Рид).

Целосно се изгаснати 18 пожари, најмногу во Куманово и Прилеп, но и во други општини како Студеничани, Шуто Оризари, Долнени, Гевгелија, Кичево, Свети Николе, Липково, Брвеница и Желино.

Надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со интервенции за гаснење и локализација на огнот, особено поради екстремно високите температури кои дополнително ја отежнуваат состојбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons