МакедонијаНајново

Верушевски добил државен стан што го користел како функционер

Зоран Верушевски, советникот за национална безбедност на премиерот Димитар Ковачевски, во тужбен процес ја вратил сопственоста на државен стан што го користел во периодот 1995-2002 година како функционер.

Поранешниот разузнавач во ноември 2002 година ги овластил своите адвокати да се откажат од станот од 47 квадратни метри на улицата Рузвелтoвa во Скопје и да го вратат на државата, врз основа на морална одговорност и добри намери, но 18 години подоцна, преку тужба против државата, успеал да ја врати сопственоста на станот.

Алсат ТВ објави дека првостепената пресуда во Граѓанскиот суд, која датира од 1 ноември 2021 година. се заснова на повлекување на изјавата што Верушевски ја дал по 18 години, и врз основа на оваа постапка судот го презема имотот на државата и го пренесува во сопственост на физичкото лице. 
Инаку, вчера Врховен суд одлучи Верушевски да добие 1,7 милиони денари како отштета за лежењето притвор во случајот „Пуч“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons