Свет

Борел: Русија утре би можела да почне голема офанзива 

Шефот на дипломатијата на Европската Унија Жосеп Борел предупреди пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел дека Русија утре би можела да почне огромна офанзива во Донбас, прорускиот регион на истокот на Украина.

Денес и лидерот на самопрогласената Народна република Доњецк, Денис Пушилин, кажа дека борбите во тој регион, кој е дел од Донбас, наскоро ќе се интензивираат.

„Се плашам дека Русија трупа војска на истокот за да почне напад врз Донбас. Украинците се за тоа сосема свесни“, кажа Борел. „Се плашам дека војната за Донбас утре ќе се интензивира“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons