Свет

БЕЛГРАЃАНИ ГО ОБИЈА ВЛЕЗОТ НА ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ Вучиќ ги брои протестирачите, вели дека има само 2.490 луѓе

Претставници на опозицијата и бројни насобрани граѓани околу 19 часот се упатија кон градското собрание на Белград во обид да го окупираат со цел, според нив, да ја одбранат волјата на народот украдена на последните избори.

Големи протести избија пред градското собрание во Белград. Граѓаните се гневни од изборните резултати. Искршено е стаклото на вратата од зградата на Градското собрание.Во градското собрание се поставени барикади кои се гледаат на споредниот влез од улицата Драгослав Јовановиќ. Внатре во собранието се членови на жандармеријата.

Пред градското собрание граѓаните запалија факели, додека лидерите на опозицијата сé уште се обидуваат да влезат внатре. Гнев, стапови, солзавец зад вратите на градското собрание. 

Претставници на опозицијата и бројни насобрани граѓани околу 19 часот се упатија кон градското собрание на Белград во обид да го окупираат со цел, според нив, да ја одбранат волјата на народот украдена на последните избори. Новинарите на Нова снимија драматични сцени.

Копретседателката на партијата „Заједно“ Билјана Стојковиќ рече дека целта е влез во Градското собрание.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons