Белгија ќе биде без најдобриот против Македонија
Иако до квалификацискиот меч меѓу Белгија и Македонија има многу време, дуелот се игра на 10 октомври, речиси сигурно е дека Белгијците ќе бидат без Ромелу Лукаку.
Ова следува по информацијата на Наполи за повредата на Лукаку која напаѓачот ја доби на мечот против Олимпијакос.
Се работи за тешка мускулна повреда на левиот бут која ќе треба да биде санирана со операција.
Според италијанските медиуми, Лукаку најмалку три месеци ќе биде надвор од теренот. Доколку се остварат овие прогнози, тој нема да игра на мечот против Македонија.