Актуелно

Ако патувате во западна Македонија, има одрони 

Патот Кичево-Охрид e прооден само на една лента поради одрони.

АМСМ информира дека денеска од 12:30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид кај село Врбјани сообраќајот се одвива на една коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Во западна Македонија има покачен водостој на повеќе реки. 

Во овој дел имаше обилни врнежи од дожд во последните 24 часа. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons