Австралија преку пенали до пласман на Светското првенство во Катар
Австралиската фудбалска репрезентација се пласираше на Мундијалот во Катар откако на пенали го победи Пери во плеј-оф мечот, дуелот по 120 минути игра немаше погодоци.
Натпреварот се играше на неутрален терен, во Катар. Мрежите мируваа најпрво во регуларните 90 минути, а не се затресоа ниту во продолженијата.
Најблиску до гол беше Перу кој преку Едисон Флорес ја погоди стативата.
Во пенал серијата Австралија беше поуспешна иако почна со промашување, на крајот во шест серии тие дадоа пет голови, а Перу четири и се пласираа на Светското првенство.