27-годишно момче позитивно на Ковид-19 почина на Инфективна

На Инфективната клиника во Скопје почина 27-годишно момче од Битола позитивно на Ковид-19. 

Од Министерството за здравство за „Фокус“ ја потврдуваат информацијата и објаснуваат дека момчето како дете било лекувано од еден вид на леукемија која оставила тешки имунолошки оштетувања и тоа било причина за тешката ковид болест.

-Починатиот пациент 27-годишно момче, хоспитализиран е на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест, велат за „Фокус“ од Министерството.

Момчето е еден од најмладите пациенти починат по зараза со Ковид – 19, после дваесет и четиригодишната девојка од Тетово која почина на Инфективната клиника

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons