103 припадници на полицијата се ставени во изолација

Откако беа дијагностицирани четири случаи на коронавирус меѓу Единицата за брзо распоредување (ЕБР), дури 103 припадници на полицијата се ставени во изолација.

Засега не е јасно како дошло до нивно инфицирање, но министерката за одбрана Радмила Шеќеринска го обвини министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за прославата на Денот на полицијата, бидејќи случаите на вирусот се откриени по прославата во која учествуваше и Единицата за брзо распоредување.

Во изолација се ставени полицајци од Скопје, Тетово, но и од други градови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons