101-годишен Тетовец ја прими вакцината против Ковид-19

Во адаптираната спортска сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово денеска започна масовната вакцинација против ковид-19 за лицата од Тетовскиот и Гостиварскиот регион.

Сепак, одзивот на граѓаните досега е под очекувањата. За два часа се вакцинирале педесетина лица, што е далеку под капацитетот на овој регионален пункт, пренесува порталот Сакам да кажам.

– Денеска почнавме со вакцинирање во 10 часот бидејќи така беа закажани термините. Досега имаме вакцинирано педесетина лица, но постојано доаѓаат нови, па овој број сигурно ќе биде далеку поголем до крајот на денот, иако доста од оние кои добиле покана не дошле да се вакцинираат. Сега се вакцинираат лицата на возраст од 75 години и повеќе и со нив ќе работиме до петок. Најстариот тетовец кој денеска се вакцинираше има 101 година. Исто така, денеска ги повикавме на вакцинација и докторите, медицинскиот персонал и матичните лекари. кои иако беа на приоритетната листа, од одредени причини тогаш не се вакцинирале. Очекуваме наскоро уште повеќе да се спушти старосната возраст, со што и многу повеќе лица дневно ќе се вакцинираат. Капацитетот на овој регионален пункт е 1.500 лица на ден, изјави Дрита Зибери, главна сестра на пунктот за вакцинирање против ковид-19.

Административниот дел од работата ја вршат студентите од шеста година од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово, а има испомош и од учениците од Средното медицинско училиште од Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons