БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВААТ, РКЕ донесе нова одлука за цените на нафтените деривати 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92 отсто во однос на претходната одлука.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,277 денари за килогарам и сега ќе изнесува 52,463 денари за килогарам.

Од 6.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 85,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,463 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,983 отсто, кај дизелот за 1,812 проценти, кај екстра лесното масло за 4,293 отсто и кај мазутот намалување за 0,568 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,068 отсто.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – велат од РКЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons