Јулиј Цезар: Немаме од што да се плашиме, освен од самиот страв

Римскиот воен и политички водач, писател и државник е една од најпознатите историски личности како резултат на комбинација од таленти – командување во битка, државништво, говорништво, пишување, владеење, пријателство и разговор. Тој имал огромна волја и храброст. Бил обожуван од луѓето во Рим и прогласен за бог.Бил голем реформатор и основач на Римското Царство, а се смета за исклучително важна историска личност без која не би го познавале светот каков што е денес. 

Ова се некои од неговите најинтересни изреки: 

cezar

Фото: Pixabay

– Коцката е фрлена! 

– Дојдов, видов, победив! 

– Зар и ти, Бруте? 

– Немаме од што да се плашиме, освен од самиот страв. 

– Подобро е да умрете ненадејно отколку да страдате од смртта цел живот. 

– Страшливците умираат многу пати пред конечната смрт. 

– Сакам слава повеќе отколку што се плашам од смртта. 

– Раздели, па владеј. 

– Луѓето секогаш ќе веруваат во она што сакаат да веруваат. 

– Живеев доволно долго за да ги задоволам природата и славата. 

– Попрво би бил прв во село отколку втор во Рим. 

– Полесно е да се најдат луѓе подготвени да умрат доброволно отколку оние што се подготвени трпеливо да издржат мачење. 

– Никој не е толку храбар за да не го вознемири неочекуван настан.
Извор: 6yka.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons