Шестмина приведени поради закани кон докторка во Ковид-центарот во „8 Септември“

Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје.

Меѓу нив е и роднина на починат кој е позитивен на коронавирусот и е спроведен во полициската станица Гази Баба од страна на полицијата со специјални протоколи, откако претходно, бил пријавен дека заедно со други лица се заканувал на докторка.

Полицијата постапуваше со целосна опрема согласно мерките за заштита од вирусот.

По пријава од докторка која добивала закани од роднини на лице кое било хоспитализирано во Ковид – центарот.Пријавата во полицијата била дека лицата кои се заканувале се вооружени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons