Шахпаска: Пензионирањето на 64 и 62 години нема да биде задолжително за приватниот сектор

Задолжителното пензионирање на работниците на 64 години кај мажите и 62 години кај жените нема да важи за приватниот, туку само за јавниот сектор, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Тоа е закон кој што ќе ги вклучува сите вработени во јавниот сектор и ќе остава можност и за исклучук во реалниот сектор, каде работникот и работодавачот со заемен интерес би се договориле за продолжување на работниот век, одговори Шахпаска на новинарско прашање.

Министерката ги најави законските измени за пензионирање кои влегуваат во законска процедура, според кои работниците кои наполниле 64, односно 62 години, задолжително ќе одат во пензија.

Шахпаска рече дека ова нема да важи за здравствените работници и соработници, како и најверојатно за универзитетските професори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons