ФФМ и Косово заеднички повикуваат на спортска култура и почит

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини во „Куќа на фудбалот“ имаше работен состанок со амбасадорот на Косово во нашата држава, Ѓерѓ Дедај

Сејдини и Дедај разговараа за организацијата на претстојниот натпревар на 26. март во рамките од полуфиналето во Лигата на Нации кој ќе се игра во Скопје.

-Ние како Фудбалска федерација на Македонија сме во постојани контакти со федерацијата на Косово и драго ми е што и на ова ниво имаме можност да разговараме за натпреварот кои ни следува во март. Како федерација ги преземаме сите мерки за успешна организација на значајниот натпревар, во постојани контакти сме со нашето Министерство за внатрешни работи и со одделот на УЕФА за интегритет и безбедност. Сите треба да дадат свои придонес за да помине се како што доликува и да се зборува само за фудбалерите и нивната игра на теренот. Во најскоро време ќе ги соопштиме и сите детали околу влезниците и начинот на продажба и распределба, но секако ќе се придржуваме до правилата на УЕФА. Јас се надевам дека и навивачите на двете репрезентации својот придонес ќе го дадат единствено преку фер и коректно однесување и навивање бидејќи само на тој начин репрезентациите ќе имаат корист. Верувам дека по 26. март ќе зборуваме само за нашиот финален натпревар за пласман на ЕВРО 2020, изјави Сејдини за сајтот на ФФМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons