Франција ја продолжува вонредната состојба до 24 јули

Француската влада донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба поради коронавирусот до 24 јули, соопшти министерот за здравство Оливие Веран.

Вонредната здравствена состојба, која е на сила од 24 март, требаше да заврши на 23 мај, но тој датум се смета за преран поради ризикот од враќање на заразата, се вели во текстот што владата го усвои денеска, додавајќи дека поради тоа, вонредната состојба се продолжува до 24 јули.

Текстот ќе биде доставен до парламентот на разгледување и гласање во понеделник. Во него се наведуваат и условите за карантин за луѓето кои доаѓаат во Франција, а се заразени со коронавирус.

Француската влада предложи и систем на информации за заразените лица и нивната околина во текот на една година.

Веран денеска изјави дека на граѓаните ќе им треба некое време за да научат да живеат со вирусот.

На 28 април, францускиот премиер Едуар Филип во парламентот презентираше ублажување на карантинот со почеток од 11 мај.

Според најновиот биланс, во Франција од коронавирус починале 24.594 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons