(ФОТО) Фудбалската репрезентација слета во Букурешт

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Романија. Чартерот на „Кроација Ерлајнс“ што ги превезуваше „црвено-жолтите“ пред малку слета на аеродромот во Букурешт.

Националната арена во Букурешт ќе остане засекогаш во аналите на македонскиот репрезентативен фудбал. Во неа на 13 јуни (18 часот), националниот тим ќе дебитира на континенталните турнири во натпревар против Австрија, а на 17 јуни од 15 часот и против Украина во рамки на групата Ц.

Последниот настап на ЕП 2020, Македонија ќе го има на 21 јуни (18 часот) против селекцијата на Холандија на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons