ФОТО: Нина Бадриќ им ја „заскокотка“ имагинацијата на своите обожаватели

Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ им ја „заскокотка“ имагинацијата на своите многубројни следбеници на социјалните мрежи со фотографијата на која позира во есенски мантил. Таа на овој начин покажа дека можете да бидете привлечни и во него. Целиот стајлинг ѝ е мек, во есенски нијанси, но мошне романтичен.

Тргнувајќи од незадолжителните бранови во косата, која ѝ е вешто изнијансирана, па преку шминката што ѝ ги истакнува очите, до карминот во нијанса nude, кој е совршено вклопен со нежното руменило на јаболчниците.

Сепак, лесниот сиво-беж балонер, стегнат во половината, кој „безобразно“ ѝ ја открива ногата, е целосен погодок!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons