(ФОТО) Дебар е во карантин

Жителите од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови на 13.3.2020 година до 00.00 часот на полноќ.

Од Скопје према Дебар поставени се барикади и полициски пунктови, затворен е патот од Мавровска брана кон Дебар.

Само со лекарска документација дека сте сосема здрав може да влезете во градот. Другата барикада е поставена на излез према Струга.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 18-та седница го разгледа Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Коронавирусот COVID-19 и согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, со цел превенција и ширење на овој вирус, ги усвои следниве заклучоци:– Го усвои Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, односно го прифати предлогот и донесе Одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.

-Периодот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, а со цел обезбедување заштита на здравјето на населението на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, е најмногу до 30 дена.

Владата донесе Одлука за забрана и посебен режим на движење на дел од територијата на Република Северна Македонија на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со која се уредува мерката забрана за движење, односно влез и излез од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, како и мерка за воведување посебен режим на движење на населението внатре во овие подрачја.

Се задолжува Министерството за здравство – Комисијата за заразни болести, да издаде препораки/протокол за тоа како и на кој начин да се одвиваат движењата на превозниците во и од  Република Грција за дотур  на нафта и нафтени деривати, како и во подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа на кои е прогласена кризна состојба, односно како и на кој начин преку соодветни мерки истите да се заштитат.

Дополнително, во протоколите/препораките од Комисијата за заразни болести да бидат опфатени сите превозници (гипс и гипсени производи, превоз на храна и други производи) кои ќе вршат дотур преку влез и излез на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа.

Жителите од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови на 13.3.2020 година до 00.00 часот на полноќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons