ФИФА даде дозвола, Милевски може да го повика Ердал Ракип во репрезентацијата на Македонија

Фудбалерот на Малме, Ердал Ракип, може да биде ново име на списокот на селекторот Благоја Милевски за претстојните квалификациски натпревари против Лихтенштајн и против Германија во октомври. Тој доби дозвола од ФИФА да настапува за националниот тим на Македонија. Светската фудбалска организација одговори потврдно за неговиот т.н. спортски пасош. 

Ракип веќе има македонски пасош, а сега се отстранети сите пречки за тој да почне да настапува за репрезентацијата на Македонија. Со него би добиле зголемена конкуренција во средниот ред, а сега во период кога на повреди се жалат Енис Барси и Аријан Адеми, би бил навистина добредојден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons