Филипче: Пристигнувањето на кинеските вакцини можеби ќе се прологнира

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска порача дека нашиот здравствен систем добро се справува со пандемијата од корона вирусот, кој пред една година почна да се шири во нашата земја.

„Добро се справивме со корона вирусот. Сега сме во тренд во кој има зголемување на бројот на заразени според последните пресметки. Не можеме да бидеме сигурни дали тоа е моментално или ќе продолжи понатаму. Околу 70 отсто од новодијагностицираните се од британскиот вид на корона вирусот. Викендот ќе се анализираат ситуациите и ќе видиме дали ќе се препорачаат рестриктивни мерки. Што се однесува до пристигнувањето на кинеските вакцини, нивното доаѓање во Македонија може да се пролонгира за неколку денови“, вели Филипче.

Тој додаде дека наскоро следува анализа според регионите во кои засилено се шири британскиот вид на корона вирусот, при што ќе се знае дали ќе има дополнителни рестрикции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons