Филипче очекува дека полицискиот час ќе даде резултат следната недела

Министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на Општата болница во Кочани изјави дека се спремни да воведат и дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати.

– Очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после седум до 10 дена, што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме некакви резултати од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, рече Филипче.

Целта на неговото воведување, како што додаде, е да се ограничи движењето и комуникацијата на младите коишто интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па дури и по домови после затворањето на угостителските објекти затоа што било констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

Според Филипче, системот на секојдневна координација, комуникација со сите релевантни чинители во менаџирањето на кризата сега е посебно потребен имајќи предвид дека се соочуваме со силен бран на ковид-19.

Масовната вакцинацина на населението, како што наведе, ќе започне или со вакцината на Астра зенека или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон нашата земја.

Тој додаде дека првата група вакцинирани здравствени работници од 4000 доктори се вакцинирале целосно и таа група се ревакцинира со ваикцината на Фајзер. Допонително, според него, со руската вакцина уште 700-800 лекари од 3000 треба да ја завршат вакцинацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons