Уште 15 дена куќен притвор за малолетникот што го прегази доктор Ѓорѓи Јота

Нови 15 дена притвор за малолетникот кој без возачка дозвола возејќи „БМВ“ го прегази професорот на Медицинскиот факултет и дигестивен хирург доктор Ѓорѓи Јота, па се обиде да избега од местото, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори во Јавното обвинителство.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Подготвителната постапка се’ уште трае и таа во надлежност на судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје“, велат од ОЈО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons